Sunday, 27/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ВЕЌЕ СЕ БРОЈАТ МИЛИЈАРДИТЕ: Кој највеќе заработи од нападот на Сирија?

98%
User Rating

Американците со овие напади ја развиваат воената индустрија. Ако немате полигон за тестирање на оружјето, да трошите стари средства, да испробуате нови, не можете да одите напред. Од ова се профитира повеќекратко. Тоа се мери во милијарди долари, оценува Борис Мандиќ, претседател на Здружението на суперсонични пилоти за „Спутник“

Што значат прецизни напади на мети поврзан со арсеналот на хемиско вооружување? Дали знаат каде точно се наоѓа хемиското вооружување?

– Никаде сеуште не е децидно, јасно и гласно кажано дали Сирија поседува хемиско оружје, каде се тие фабрики за оружје, кој го произведува тоа оружје и што со истото се прави. Не го заборавајте ризикот од случајна ненамерна грешка која може да развие голема криза, голем проблем. Кога ова го збрувам, мислам на луѓето кои коирстат високософистицирано оружје, крстосувачки ракети. Доволно е само програмерот да ги погреши координатите, да се погоди друга цел које чувствителен – ете голем проблем. Не заборавајте на грешката со кинеската амбасада во Белград. Тој воен аспект има само една цел – покажување на мускули, да се испроба ново оружје, да се испразнат старите залихи. Во поширока смисла, ако руската војска е ставена во состојба на приправност, ако Кина ја кренеше својата флота, ако имате вклучување на Америка, Велика Британија, Франција, тоа може да предизвика судир од големи размери, да не кажам, нешто што ќе личи на трета Светска војна. Се надевам дека до тоа нема да дојде. Тука се работи по веќе виден модел – Ирак, Југославија, Сирија, Либија.

loading...

Што можеме да кажеме на тоа што Германија не ја поддржа акцијата?

– Тоа е посебна тајна. Слушнавме од Ангела Меркел дека ја поддржува акцијата во смисла на санкции, казнување, значи дека постои разум. Воен аспект подразбира јасни сојузништва, но во моментот на Блискиот исток немате јасно поделени сојузници, освен Америка, Британија и Франција, но и тоа е климаво. Една силна Германија очигледно со отсуство на реакција излезе од сојузништвото и секако нема да се приклучи. Од друга страна, тука е Турција, за која не се знае на кого е сојузни, Иран, не се знае на кого е сојузник, а на кого не. Русија може да смета делумно на сојузништвото со Иран и Турција. Значи, постои конгломерат на еден тесен простор кој може да се прелие на регионално ниво, а со самото тоа и на светско. Воениот аспект е број еден. Политиката, дипломатијата, интересите се бизарност.

Колку ја чини ова Америка и колку профитираат оние кои ги прават ракетите?

– Ако е во прашање Американскиот национален интерес, тие имаат свој модел, а тоа е сите судири, пред се, да бидат што подалеку од САД. Друго, да се поделат добри и лоши момци и да се избере лидер. Сега тоа е Асад, кого мораат да го соборат. Трето, тие го усовршуваат оружјето, така ја развиваат воената индустрија. Знаете колку е нивниот бруто национален доход од воената индустрија. Ако немате полигон да го тестирате, да трошит стари средства, да испробувате нови, не можете да одите напред. Тие од ова профитираат повеќекратко. Тоа се мери во милијарди.

loading...

4 Comments

  1. Trpe

    Amerika tesko deka ke profitira bidejki dozivea potpolno fijasko so sto i deset raketi uspea samo da rani trojca vojnici i nisto povekje i ako toa e reklama za amerikackoto oruzje tesko deka nekoj ke go kupi bidejki im bese oboreno do raketi stari i po pedeset godini !

    • Ag`r

      Za toa go pokacija gorivoto mmmmmamicata nivna .. nema plen ima “demokrati” za koi glasaat idioti , da zakonski sme uceneti da glasame. da glasame.
      Dali nekoj ke se nafane da istraze kolku pari advokatite (razlicni od evropejci) vlecaat od drzavite samo za emigrantite na koi “besplatno” im se nude pravna podrzka?! Civi se tie advokatski firmi……

      • Бозон

        А’гр добро знаеш дека пари се заработуваат и на добро/угорно/bulish и на лошо/удолно/bearish. Зделка ко локум. Исчистиш магацини и наполниш со нови “pametni”. Коџамити принцип а у ствари кладилничко инсајдерство. Не е до ќосето. До ќошето е.

  2. Константин

    Русите ги посрамотија америкосите, и тоа солидно. На амери тешко веќе им успева таа политика на “добриот“ и “лошиот“ …Може би во помалите земји како нашата-да. Но во Сирија-за плачење се…Ги растурија со руски ракети.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ