Monday, 18/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

(Видео)ГОТОВ АВТОПАТ, АМА НЕКОЈ ТРЕБА ДА „ЛАПНЕ“ 850.000 ЕВРА: Владата на СДС ќе потроши дополнителни 850.000 евра на автопатот Демир Капија-Смоквица, а нема да има градежни работи!

5%
User Rating

Продолжувањето на рокот за уште 4 месеци за готовиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе направи трошок од 850 илјади евра, пари кои ќе треба да се платат за дополнителниот надзор. Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ не го пушта автопатот во употреба пред избори, само затоа што е изграден од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Фантастични 850 илјади евра ќе чини само дополнителниот надзор на изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Откако се пролонгираше рокот и за автопатот Миладиновци – Штип, завчера Владата одлучи дека ќе се потпишува анекс и на договорот за изградба на оваа траса. Новиот рок за завршување на работите истекува на 28 февруари следната година но тие нема да бидат градежни.

Според првичната проценка ќе треба да се обезбедат нови 850 илјади евра само за надзор. Со досега обезбедените пари конечно ќе треба да се дислоцира далноводот на МЕПСО, и да се изгради контролниот центар.

loading...

Зошто ќе се чека на пуштање на автопатот догодина кој инаку е готов од владата нема конкретно објаснување. Дека делницата е готова и по нејзе може да се вози, сведочат и видео записите кои се објавени во јавноста. На нив се гледа дека автопатската делница е целосно готова и безбедна за сообраќај.

Со завршувањето на делницата, со што ќе се комплетира Коридорот 10, патот од Демир Капија до Гевгелија ќе се скрати од 40 на 15 минути возење. Делницата која почна да се гради во 2013-та, има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника.

Инаку, слично и на овој проект, Владата го пролонгираше до септември следната година и рокот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, кој требаше да биде готов до мај оваа година. Со кинеската „Синохидро“ е договорено до 15 февруари следната година да нема меѓусебно наплаќање пенали. Изградбата на овој автопат чини 206 милиони евра.

Во моментов течат преговорите со „Синохидро“ за пролонгирање на рокот за изградба и на делницата Кичево – Охрид, како и утврдување на дополнителните трошоци. Според сегашниот договор, изведбата на автопатот требаше да чини 374 милиони евра.

loading...

3 Comments

  1. Riso

    Ovaj avtopat e .gotov .i .sakaat da isperat 850 iljdi evra
    ZAMISLETE STO..KEBIDE SO AVTOPATOT KICEVO-OHRID KOLKU MILJARDI KE PERE KREMINALNATA BANDA NA SDS

  2. Аминта

    DALI E OVA PROVIZIJATA ZA SDS-SIPTARSKA?

  3. Петар аВстралија

    Ами како тие треба да се офајдат шарените треба да земаат плата а од каде пари Сорос и уесад не даваат повеќе е сега црпнатиот муртински зајко мора да се снаоѓа.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031