(Видео)ДИВО, НЕЛЕГАЛНО, ПОЛИТИЧКО СУДЕЊЕ: Се прават тешки преседани за да се донесе судска одлука во исто време кога СДСМ треба да го промени името по грчки терк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска заврши уште едно диво, нелегално, политичко судење во кое што јасно се гледа дека судијата има добиено рок во кој треба да го заврши предметот по секоја цена и по цена да ги гази законите и по цена да работи незаконски и по цена тоа да е очигледно пред очите на сите, истакна поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешното судење за случајот „Тенк“.

-Имено што се случи- денеска судот беше информиран дека Гордана Јанкуловска отворила боледување, односно добила боледување од матичниот лекар на две недели, меѓутоа по барање на обвинителот, судот прифати да се препостави дека таа можеби потоа ќе го продолжи боледувањето, како да станува збор за лекари обвинители, и на база на тоа да ја извадат од постапката. Тоа е тежок преседан, значи тотално непотребно и тотално несвојствено за еден ваков предмет. Очигледно е дека она што го изјави Никола Димитров, дека се очекува за околу два месеци да се реши проблемот со името и да се дојде до решение кое што ќе се објави , очигледно е дека за тој период им треба некој предмет да е готов, да направат некој чекор во тој правец и брзаат по секоја цена, рече Груевски и додаде:

„Да речеме еден од сведоците не дошол затоа што доставата отишла на адреса каде што тој не живее и веќе го исфрлија од сведок. Значи нема за наредното рочиште да го повикаат, да се најде каде е адресата и така натаму, туку веќе не може да биде сведок. Значи по секоја цена се брза. Се прават тешки и крупни преседани за да се донесе една судска одлука во исто време или приближно време кога треба владата на Република Македонија, СДСМ, да направи еден чекор кој што очигледно се оди кон промена на името по грчки терк“.

Тој потенцираше дека доколку имало потреба Јанкуловска ќе добиела боледување за подолго време.

-Докторот оценил дека е доволно две недели, негова проценка како лекар била дека доволно се две недели за да се надминат одредени состојби. Меѓутоа, очигледно овој пат судот и обвинителството сакаат да покажат дека имаат поголемо знаење и од лекарот и претпоставуваат дека лекарот згрешил и дека Јанкуловска и понатаму ќе има потреба од мирување или од боледување. Затоа ја одвоија постапката, за да го фатат рокот на Никола Димитров и на владата на Зоран Заев за промена на името.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This