Бомбардери од типот Су-34 како и Су-24 деновиве учествуваат на воените вежби во Липецката област каде што вежбаат бомбардирање на фиктивни цели.
Пилотите на Су-34 бомбардерите на руската воена авијација, вежбаа пробивање на против-воздушен систем и потоа уништување на зададените мети. После успешното пробивање на против-воздушните системи, бомбардерите изведуваат жесток напад на замислените клучни позиции на противникот.
Како што соопштија од руското министерство за одбрана, воените вежби минале успешно, а пилотите успеале да ги погодат сите мети со максимална прецизност.
Како изгледа кога руските Су-34 и Су-24 комбинирано напаѓаат неколку мети, погледнете на видеото подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=nXNL9Bm8A-U