Министерството за одбрана на Русија објави снимка од масовниот напад на цели на ИСИС во Дејр ел Зор додека траеше операцијата на сириската војска со цел чистење на провинцијата од терористи
„Подморницата Велики Новгород од подводна позиција на 31. октомври 2017. година започна со масовен напад со крстосувачки ракети Калибар на важни цели на ИСИС во провинцијата Дејр ел Зор од источниот дел на Средоземното море“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Во нападот три крстосуачки ракети го погодиле командниот пункт на терориситите, утврдено подрачје во кое се наоѓале екстремисти и оклопни возила, како и голем арсенал на оружје и муниција на терористите на ИСИС во близина на населбата Абу Кемал во провинцијата Дејр ел Зор, што подоцна е потврдено со извидување.
Нападот е изведен во текот на операцијата на сириската војска со поддршка на руската авијација чија цел е елиминирање на остатокот на терористи во провинцијата Дејр ел Зор по историското пробивање на тригодишната опсада на градот.
За време на воената кампања во провинцијата, владините сили успеаа да воспостават контрола над најголемото упориште на ИСИС сместено во градон Мајадин.
Подлодка #ЧФ #ВеликийНовгород нанесла залповый удар крылатыми ракетами #Калибр по объектам ИГИЛ в р-не Дейр-эз-Зора https://t.co/PwhjcUm54r pic.twitter.com/3pVBES2Hng
— Минобороны России (@mod_russia) October 31, 2017