(Видео)ДОСТА Е СО ПОДЕЛБИ, АЈДЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ: Миленко Неделковски повика на обединување и на надминување на разликите во име на зачувување на државата!

  • February 19, 2018

Ајде да се обединиме, ајде да ги заборавиме разликите помеѓу нас, да ги оставиме настрана суетите и амбициите и сите заедно на 27-ми да излеземе и јасно да кажеме дека оваа држава е наша, дека нашето име е свето, и дека никогаш нема овој народ да се откаже од сопствениот идентитет – повика Миленко Неделковски во својата најнова епизода на „Миленко Неделковски Шоу“

Неделковски повика да се заборават разликите и нетрпеливоста кон одредени поединци, групи и здруженија, да се стават настрана политичките несогласувања и сите заедно, во еден глас, сплотени да кажеме „Не“ на обезличувањето на Македонија.

Миленко Неделковски го повика и владиката Агатангел да биде тој кој ќе го поведе народот, ќе застане на чело како единствен легитимен претставник на Македонскиот народ достоен да биде негов лидер.

Погледнете ја емисијата.

Претходно «
Следно »