(Видео)ЕДНА РАБОТА НЕ ЈА ЗАВРШИЈА КАКО ШТО ТРЕБА: Се расипа електричниот автобус кој беше пуштен во употреба пред пет дена

  • May 15, 2018

Се расипа електричниот автобус кој градоначалникот Петре Шилегов го донесе во Скопје, барем тоа може да се заклучи според видеото кое е објавено во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на Фејсбук.

Инаку, електричниот автобус треба пробно да вози низ скопските улици 6 месеци, како пилот проект преку кој на граѓаните ќе му се презентираат неговите перформанси.

-Ова е одлична можност која ќе не збогати со едно ново искуство во нашиот град, што понатаму ќе можеме да го користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус што троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење, рече градоначалникот Шилегов.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Претходно «
Следно »