Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

(Видео)ИСТАТА ШЕМА ЈА УПОТРЕБУВААТ СЕКАДЕ: Шемата на вршење рекет на Златко Марин, СДС ја употребува насекаде!

5%
User Rating

Златко Марин и СДС ги рекетираат фирмите низ државата и земаат илјадници евра од стопанствениците со ветување дека ќе бидат поштедени од контролите на државните инспекторати, истакна Пане Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандал од најголеми размери е документот објавен во медиумите, потпишан лично од Златко Марин, а адресиран до ОО на СДС во Аеродром во кој се наведени голем број на фирми кои биле изрекетирани од Марин, принудени  да  дадат илјадници евра за кампањата на СДС и Марин. Дополнително скандалозен е фактот што за рекетирањето на фирмите како што се наведува во документот било запознаено целото партиско раководство на СДС. Тоа значи дека Зоран Заев е целосно свесен за рекетот кој го врши Марин низ Аеродром и го одобрува истото. Раскалашеноста на СДС и Марин одела дотаму што земале рекет и во кеш, и во материјали, но и како отворена сметка во неколку кафеани, како што стои во документот објавен во медиумите. И сето тоа со ветување дека по изборите истите ќе бидат поштедени од државните инспекторати, како што пишуваат медиумите.

Фрапантни се информациите, додаде Антовски, објавени во медиумите според кои рекетот врз фирмите е типичен пример за функционирањето на СДС во сите општини во Република Македонија.

loading...

-Фирмите кои се наведени во документот потпишан од Марин, не се наведени во листата на донатори на партијата, што значи дека истите се дел од црниот фонд на СДС и не се пријавени во извештајот на партијата до Државниот завод за ревизија. Граѓаните се прашуваат колку фирми се изрекетирани од страна на функционерите на СДС? Колку илјадници евра непријавени пари се слеани во кампањата на СДС? Граѓаните и фирмите се под притисок на раскалашената власт на СДС. На граѓаните и на фирмите им е преку глава да бидат заложници на рекетирање и обврската да плаќаат во црните фондови на партијата. Граѓаните ќе му стават крај на раскалашеноста на СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, додаде Антовски.

 

loading...

1 Comment

  1. Trpe

    Zatoa prijavija samo 17000 evra potroseni za kampanjata izvorite od reket odat direktno vo dzepovite na “novite demokrati za zivot na site” zemi od eden daj na drug toa e noviot zivot” kriminal na site strani no ovaj pat podrzan od EU i Amerika koi gi naucija na “demokratski odnesuvanja” nasile kriminalci koi ni gi postavija na vlast so kriminlani dejstva!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031