(Видео)КАКО АПСАТ РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ: Вака поминуваат приврзаници на терористички организации во Русија!

  • October 3, 2017

Специјалците на Федералната служба за безбедност на Русија во Москва деновиве имале голема акција за апсење на припадници на терористичката органиација Исламска држава.

Како што соопштија од Центарот за информации при Федералната служба за безбедност, нивните специјалци уапсиле припадници на Исламската држава кои што планирале да изведат терористички напади на локации каде што има голем метеж од луѓе, пренесуваат руските медиуми.

„После истрагата спроведена во Москва на 30-ти септември 2017-та година, Федералната служба за безбедност ги откри нелегалните активности на тајната ќелија на меѓународната терористичка организација Исламска држава“, стои во соопштението на Центарот за информации при Федералната служба за безбедност.

Според нивните зборови, припадниците на ќелијата планирале да изведат „спектакуларен“ терористички напад со употреба на експлозивни направи на некои од најпрометните јавни места во рускиот главен град.

„Пронајдени се и запленети две многу силни и подготвени импровизирани експлозивни направи во становите на уапсените“, стои во соопштението на руската Федерална служба за безбедност.

Покрај тоа, откриено е дека за време на апсењето, специјалците на ФСБ заплениле и два пиштоли, две гранати од типот “RDG-5” и опрема за комуникација, пренесуваат руските медиуми.

Претходно «
Следно »

loading…