(Видео)КОСОВО ПРЕД НОВА КРИЗА: Атентатот врз Оливер Ивановиќ може да предизвика нов вооружен хаос во Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Граѓанската иницијатива на СДП на Косово, Оливер Ивановиќ денес е убиен во атентат во Косовска Митровица. Напаѓачите најверојатно користеле огнено оружје со пригушувач

Ивановиќ е погоден со пет куршуми во градите. Полицијата го блокирала делот на Косовска Митровица во кој е убиен Ивановиќ. На него е пукано од автомобил во движење, рекол обвинителот, а пронајден е и запален автомобил „опел астра“ кој наводно го користеле напаѓачите.

Здружението на Србите од Косово и Метохија оценува дека денешното убиство на Оливер Ивановиќ е најсериозен и најбезобзирен напад на српскиот народ на Косово и на неговипт опстанок во покраината, уште од мартовскиот погром во 2004, и укажа дека косовските органи ќе ги сметаат за директни учесници ако во најкраток рок не се пронајде убиецот.

Оливер Ивановиќ најверојатно ќе биде погребан во Белград, на барање на членовите на неговото семејство, пренесува Танјуг од изори блиски на семејството.

Убиството на Ивановиќ беше причина српскиот државен врв да свика итна седница за безбедност, по што претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека ова го сметаат за терористички акт. По разговор со Могерини Вучиќ објави дека Србија ги напушта разговорите помеѓу Белград и Приштина под покровителство на официјален Брисел.

Експертите сметаат дека овој антентат сериозно ќе ја наруши безбедноста на Косово.

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, разговарала во вторникот телефонски со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, и на Косово, Хашим Тачи, по убиството на српскиот политичар во поранешната јужна српска покраина Оливер Ивановиќ, и ги повикала сите страни да останат мирни и воздржани.

 

„Високата претставничка ги повика сите страни да останат мирни и воздржани, и да им овозможат на правосудните тела да ја завршат својата работа“, се наведува во соопштението од кабинетот на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

Таа силно го осудила убиството на Ивановиќ и изразила сочувство до неговото семејство и блиските.

Европската унија силно го осудува убиството на Ивановиќ поради што е суспендиран техничкиот дијалог меѓу Србија и Косово, кој требаше да се одржи во вторникот претпладнето во Брисел, изјави во меѓувреме Маја Коцијанчич, портпатолката на Могерини.

-Европската унија силно го осудува убиството на Оливер Ивановиќ. Очекуваме од косовските правосудни тела да сторат се’ за да ги пронајдат сторителите и да ги приведат пред правдата, изјави Коцинајчиќ.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This