Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

(Видео)ЛУЃЕТО ИЗГОРЕА ДОДЕКА ЗАЕВ ЈА ЗАБАВУВАШЕ ЈАВНОСТА СО БАНАЛНОСТИ: Катастрофа и голема трагедија во делчевските села – пожарите опустошија неколку села!

User Rating

Пожарот кој ги зафати делчевските села Драмче, Селник и Киселица остави пустош и катастрофа од невидени размери, поради слабата, а во делови и никаква интервенција на надлежните служби. Сето ова додека Зоран Заев ги забавуваше граѓаните на телевизијата во сопственост на неговиот брат

 

loading...
Пеплишта, запалени куќи, земјоделски објекти, домови, огромни површини борова шума и тревни површини.
Катастрофа од невидени размери за само неколку часови остави пекол зад себе – пишуваат жителите од делчевските села.

Катастрофата зафати и голем дел од земјоделските површини, стотина хектари шума, куќи, плевни и останат имот на жителите на селата Драмче, Селник и Киселица.

Нешто подоцна, во акцијата за гаснење на пожарот се вклучија и авионите на ДЗС, но реакцијата беше задоцнета, бидејќи силниот ветер веќе го прошири огнот на огромна површина. Благодарение пак на регионалната противпожарна служба беше спречена и поголема катастрофа.

Претходно, очевидци за Курир велат дека глетката е како во хорор филм. Веќе се зафатени куќи, голема количина на шума и трева, а во моментов постои опасност кон сите страни бидејќи пожарот неконтролирано се шири.

-Загрозен е споменикот на културата, црквата „Света Петка“ која постои од 13-ти век. Нападнати се повеќе маала. Огнените јазли се шират на сите страни, граѓаните се во паника. Побаравме помош од Владата, АРМ и ЦУК, но засега нема. Ги молиме нека реагираат, истакна очевидец за Курир.

 

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930