(Видео)МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО СЛОВАЧКА: Словаците на улица на најголемите протести од падот на комунизмот!

  • March 10, 2018

Десетици илјади Словаци излегоа на улиците во знак на протест поради наводната корупција во државата, а некои повикаа на оставка на премиерот Роберт Фицо.

Вчера во Словачка се одржаа анти-владини протести кои се сметаат за најголемите демонстрации во земјата по падот на комунизмот.

Десетици илјади Словаци излегоа на улиците на главниот град Братислава, вознемирени поради убиството на новинарот Јан Куцијак.

Истражувачкиот новинар Куцијак ги испитувал наводните врски помеѓу италијанската мафија и блиски соработници до словачкиот премиер Роберт Фицо, а потоа беше убиен во својот дом заедно со неговата вереница.

Двајца словачки функционери, кои беа именувани во извештајот на Куцијак, оттогаш поднесоа оставка, но негира каква било поврзаност со убиството.

Никој не е обвинет за убиството.

Случајот предизвика вознемиреност поради наводната корупција на највисоките претставници на власта: се проценува дека повеќе од 40.000 луѓе протестираа вчера во Братислава.

Многу демонстранти држеа плакати, повикувајќи на оставка на премиерот Фицо.

Тој ја водеше земјата 10 од последните 12 години, а економијата цветаше, но демонстрантите во Братислава извикуваа “Доста од Фицо” и тропаа со клучеви како антикомунистичките митинзи во 1989 година.

“Политичарите на власт ја изгубија нашата доверба”, рече демонстрантот Марија Кулиовска 30-годишната мајка на породилно отсуство. “Ние не им веруваме дека ќе гарантираат независна истрага. Тие не успеаа да ги испитаат сите претходни скандали”.

Словачките медиуми го нарекоа протестот најголем од 1989 година. Некои универзитети ги пуштија студентите порано од часовите. Една од најголемите банки во земјата, Словенска Спорителна дел од Австриската Ерсте Банка, рече дека ќе им дозволи на своите вработени порано да ја напуштат работата за да учествуваат на протестот.

Фицо рече дека ќе се состане со своите двајца коалициски партнери овој викенд за да побара договор за одржување на владата. Тој се спротивстави на повикот од партијата “Мост Хид” да го разреши министерот за внатрешни работи, Роберт Калинак, неговиот близок соработник.

Некои аналитичари велат дека коалицијата на Фицо би можела да се распадне, иако можеби ќе може да продолжи да ја води малцинската влада со поддршка на екстремно десничарската партија во парламентот.

Мартин Слосарик, аналитичар во агенцијата за истражување Фокус, рече дека Фицо никогаш не се соочил со криза од овие размери.

“Последната приказна на Куциак има сериозно влијание врз довербата на луѓето во системот на власта, а убиството на двајца млади луѓе додаде силен морален аспект”, рече тој.

Претходно «
Следно »