(Видео)МИЦКОСКИ ПРИСТИГНА ВО ВЛАДА: Започна состанокот Заев – Мицкоски

  • June 13, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Владата на Република Македонија, каде треба да се сретне со премиерот Зоран Заев.

Темата на средбата ќе биде договорот за решение на спорот со името кој Заев вчера преку телефон го договори со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

Претходно Мицкоски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, откако на прес-конференција побара итни средби со Иванов и Заев поради, како што рече, капитулантскиот договор со Грција.

Претходно «
Следно »

loading…