(Видео)ОРЕЛ ОДЛЕТА СО ДЕТЕ: Орел со канџите фати дете и се обиде да одлета со него!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Орел во еден парк во централна Австралија се обидел да одлета со едно дете откако претходно со канџите го фатил за главата и џемперот, јавија денеска медиумите.

Група луѓе, кои заедно со момчето учествувале во популарната програма за запознавање со дивината во тој парк, „вџашено гледале“ како австралискиот орел фаќа едно дете за главата, коеј успеало да побегне и помине без сериозни повреди, јави Би-Би-Си.

Момчето, за кое се верува дека има меѓу шест и осум години, се здоби само со „површински гребнатинки по лицето“.

Кристин О`Конел, која на 6 јули, кога се случил инцидентот претстојувала заедно со својот сопруг во паркот, рече за Би-Би-Си дека орелот „слетал право на момчето на оддалеченост од околу 15 метри“.

Орелот го фатил момчето за зелениот џепмер и се обидел да го подигне во воздух пред да интервенира персоналот во паркот, додаде таа.

Од паркот порачаа дека истрагата за инцидентот е во тек, како и дека орелот нема да биде дел од програмата додека таа не се спроведе до крај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This