March 28, 2024, 12:43 pm

(Видео)ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ВРЗ ИСИС: Со крстосувачки ракети „Калибар“, Руската армија ги дотолчува терористите во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нападот со крстосувачки ракети „калибар“ на терористите на ИСИС е изведен во областа Абу Кемал во Сирија, соопшти претставникот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков

Шест стратешки бомбардери „ТУ-22“ и шест крстосувачки ракети „калибар“ изведоа напад на терористичките утврдувања, складиште на оружје и муниција, места за собирање на терористите и важни командни пунктови, кои се востановени на основа на разузнавачки податоци“, се наведува во соопштението.

Во ракетно-воздушниот напад биле ангажирани и бомбардерите „Су-24“ и „Су-34“ од авио-базата „Хмејмим“, а поддршка им пружаа ловци „Су-30СМ“, „Су-35“ и „МиГ-29“ на руската авијациона група во Сирија.

„Лансирањето на крстосувачките ракети Калибар е изведено од подморница, од растојание на 650 километри, наведува Конашенков.

Ракетно-воздушниот напад на терористите на ИСИС овозмжи да се интензивираат офанзивните дејствија на сириската војска под команда на генералот Сухела, рекол Конашенков.

Според неговите зборови, бомбаредерите „ТУ-22“ во последните три дена извеле 18 напади на ИСИС на истокот на Сирија, а изведени се девет напади со крстосувачки ракети „калибар“ од подморницата „Велики Новгород“ и „Колпино“ во Медитеранот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This