(Видео)ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО И НА ДОЖД: И вечерва граѓани протестираа пред Собранието на Р.Македонија!

  • June 14, 2018

Втор ден протести пред Собранието на Република Македонија поради договорот со Грција за решавање на спорот за името. Поради протестот на здруженија на граѓани, блокиран е булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, каде е поставен полициски кордон.

Тие побараа да прекинат сите активности за промена на името и Уставот, што според нив е штетно за државата. Некои пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот Ѓорге Иванов.

За време на вчерашниот протест беа приведени 10 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

Претходно «
Следно »