Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на ФИФА Џани Инфантино играа фудбал во зелената гостинска соба на Кремљ
Снимката е објавена на официјалниот интернет сајт на Меѓународната фудбалска федерација. Како што се наведува на сајтот на ФИФА, на видео-снимката Англичанецот Вејн Руни, Бразилецот Роналдо, Мексиканецот Хорхе Кампос, Нигериецот Џеј Џеј Окоча, Австралиецот Хари Кјуел, Јапонецот Хидетоши Наката и други ѕвезди кои ги претставуваат сите екипи-учесници на претстојниот Мундијал жонглираат со топка.
„Дури и претседателот на ФИФА Џани Инфантино и претседателот на Русија Владимир Путин учествуваа во филмот и си додаваа топка“, се наведува во соопштението.
До почетокот на Светското првенство, кое започнува на 14. јуни со натпреварот Русија и Саудиска Арабија во Москва, останаа сто дена. На снимката фудбалерите жонглираат 90 пати, а последните 10 се подавањата помеѓу Инфантино и Путин. Последен контект со топката има претседателот на Русија кој ја удира со глава.
Товарищеский матч между Инфантино и Путиным в Кремле. Мяч на нашей стороне поля pic.twitter.com/ul7C6YGSSZ
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) March 6, 2018