(Видео)РЕПОРТЕР ЗА МАЛКУ НЕ ЗАГИНА ВО АФРИН: Артилериски проектил падна на стотина метри од телевизиска екипа во Африн

  • February 20, 2018

Вооружените сили на Турција се обидоа да го спречат конвојот на сириската армија од влегување во сириската енклава на Курдите Африн, со бараж од артилериски оган кој за малку не го погоди репортерот на сириската национална телевизија

Репортерот, кој најверојатно работи за Ал-Мајдин пан-арапска сателитска телевизија, за влакно избегна да биде погоден од артилериски проекти кој падна на неколку стотина метри од негоата позиција. На снимката која ја објави „Раша Тудеј“ се гледа како проектилот за малку ја промаши телевизиската екипа.

Додека САНА известува дека „народните сили“ составени од шиитска милиција веќе е поставена и има завземено позиции во регионот за да им помогне на Курдите во борбата против Турската армија, официјална Анкара известува дека прогресот на сириската армија е прекинат.

„Беа приморани да се вратат назад по артилерискиот оган“ – изјави Ердоган, додавајќи дека центарот на Африн ќе биде под опсада во наредните неколку дена.

Анкара спроведува воена операција именувана како „Маслинова гранка“ со цел обезбедување на 30-километарска „безбедна зона“ на Сириска територија, која ќе биде чиста од Курдските паравоени формации.

Претходно «
Следно »