(Видео)ТЕСТИРАНИ ХИПЕРСОНИЧНИТЕ РАКЕТИ: Руските МиГ-31 ги тестираа хиперсоничните ракети на Путин

  • March 11, 2018

Руските воздухопловни сили спроведоа успешно лансирање на хиперсоничниот авијациски и ракетен систем наречен Кинжал (“Нож”), соопшти руското Министерство за одбрана.

“Миг-31 авион на руските воздухопловни сили спроведе лансирен тест на хиперсоничен авијациски и ракетен систем Кинжал. Лансирањето беше успешно, хиперсоничниот проектил ја погоди назначената цел на теренот”, се вели во соопштението.

“Од почетокот на годината … спроведени се над 250 летови, екипажот се обучуваше во различни временски услови дење и ноќе”, се вели во соопштението.

Благодарение на уникатните лет и технички карактеристики на Миг-31 и хиперсоничните ракети “небо -земја”, на системот Кинжал му нема рамен во светот велат од руското министерство за одбрана.

Неодамна, рускиот претседател Владимир Путин ја обелодени следната генерација хиперсониски нуклеарни проектили способни да го пробијат противракетниот штит на Пентагон. Путин истакна дека се работи на зајакнување на одбранбените способности на Русија и во рамките на меѓународните договори, додавајќи ова не е никаква закана , а новото оружје служи за одбранбените потреби на земјата.

 

Претходно «
Следно »