(Видео) ПУТИН ГО ЧЕСТИТАШЕ ОСМИ МАРТ: Женското срце е најгрижливо, а неговото простување – најмоќно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин, им го честиташе на Русинките меѓународниот Ден на жената, рецитирајќи песна од времето на СССР, велејќи: „Жената е љубезна и мирна фигура во животот на секој човек“.

Денот на жената е национален празник во Русија и е еден од најзначајните празници наследени од советскиот период. Во продолжение, еве како Путин им се обрати на руските дами:

„Ве молам, прифатете ги моите топли и срдечни поздрави по повод меѓународниот Ден на жената. Овој празник го прославуваме на самиот почеток на пролетта. Денес дури може да дојде и до промени во времето во нашата земја бидејќи духот на пролетта е насекаде“, истакна Путин.

„Пролетниот дух е во насмевките, цвеќињата и искрените емоции кои се околу нас. Сето ова е за вас, дами мои. Среќни сме што имаме ваква прекрасна можност да ја повториме нашата длабока почит кон вас и да ја изразиме фасцинацијата од вашата убавина и нежност“, додаде рускиот претседател.

„Денес мажите ви даруваат подароци кои зрачат со благодарност од дното на срцето и го честитаат празникот на своите мајки, сопруги, ќерки, пријателки и колешки. Само жените можат да создадат пријатна атмосфера на работа и дома, секојдневно се грижат за нашите домови и на децата и им даваат силен морален пример“, рече во своето обраќање Путин.

Тој додаде дека женското срце е најгрижливо, а неговото простување е најмоќно.

„Секој човек знае дека мајчината љубов е навистина бесконечна“, кажа рускиот претседател.

На крајот од својот говор тој порача: „Среќен меѓународен Ден на жената! Бидете сакани и среќни“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This