ВИКИЛИКС ОТКРИВА: Меркел притискала за име Република Скопје (Македонија), Груевски не прифатил!

  • February 21, 2018

Македонската влада во 2008 година го одбила притисокот на германската канцеларка Ангела Меркел, и на романската влада да ја прифати од грчка страна понудената формулација „Република Скопје (Македонија)“ , во замена за влез во НАТО на самитот во Букурешт, откриваат документите објавени на Викиликс. Во документот на американската администрација од 2008 година се опишува средбата меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и поранешната американска амбасадорка во Скопје Џулиен Миловановиќ, кратко откако Грција стави вето на македонското членство во НАТО на самитот во Букурешт. Во документот кој има ознака Доверливо, Миловановиќ истакнува дека на состанокот на 4 април, премиерот Груевски изрази благодарност до владата на САД за силната поддршка за зачленување на Македонија во НАТО и покрај зацементираното инсистирање на Грција да стави вето заради нерешениот спор околу името – пишува „Република“

„Тој рече дека покрај неуспешниот обид на германската канцеларка Меркел и сличен потег на владата на Романија да ја убедат владата на Македонија да прифатат грчката формулација за името Република Скопје (Македонија), било задоволство да се гледа како повеќето членки на НАТО вложиле напори да ја убедат Грција да не става вето, пишува во документот.

Миловановиќ, според документот потпишан токму од неа, побарала од Груевски да се продолжат преговорите под покровителство на Нимиц и да се изнајде решение колку што е можно побрзо. Груевски се согласил со неа, но изразил сомневање дека Грција ќе покаже флексибилност во блиска иднина. Дополнил дела Словенците му рекле оти грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани објаснила дека ветото било неопходно поради притисокот на грчката јавност. Дотолку повеќе, Груевски изразил сомневање дека Атина ќе стане уште по ригидна во ставовите, убедена дека „победила“ во Букурешт.

На Викиликс е објавен и документ од 2009 година кој ја опишува средбата меѓу тогашниот грчки премиер Јоргос Папандреу со американски висок функционер кому му рекол дека за Грција Република Северна Македонија е прифатлива солуција.

„Тој му предложил на Груевски прашањата за идентитетот и јазикот да бидат тргнати на страна. Премиерот почувствувал позитивен моментум но на втората рунда Груевски сакал различно име и инсистирал името и идентитетот да бидат „Македонски“. Ден по средбата во Преспа Груевски дал јавна изјава за тоа што Папандреу наводно му кажал на средбата. Тоа ја стави Грција во многу тешка позиција, му рекол Папандреу на Стајберг“ – пишува во документот.

Папандреу рекол и дека „ерга омнес“ е неопходно не за да се промени уставот на Македонија туку за Грција да биде сигурна дека Македонија нема и натаму да бара од трети земји признавање под уставното име.

Претходно «
Следно »