ВЛАДАТА НА ЗАЕВ НАЗНАЧУВА ПЕДОФИЛИ НА ВИСОКИ ФУНКЦИИ: Осуден за силување на малолетно девочје поставен за претседател на Сојузот на Тутунари!?

  • January 10, 2018

Во пресудата стои дека Кире Неделковски викан Јајце на ден 16.08.2004 година малолетната девојка ја качил во сопствениот автомобил по што ја одвел во кафеана и со закани и тупаници ја принудувал да пие алкохол. Потоа ја однел во Националниот парк Пелистер по што извршил полови дејствија

Кире Неделковски, кој на јавноста и беше промовиран за член на Агро советот на СДСМ, а претходно беше актуелен по таканаречените тутунарски протести, се осудува за кривично дело силување и тоа на малолетно лице-15 годишно девојче. Во пресудата стои дека Кире Неделковски викан Јајце на ден 16.08.2004 година малолетната девојка ја качил во сопствениот автомобил по што ја одвел во кафеана и со закани и тупаници ја принудувал да пие алкохол. Потоа ја однел во Националниот парк Пелистер по што извршил полови дејствија. Уште пошокантно е што младото девојче претходно му било познато на Неделковски. Впрочем, тие биле од истото битолско село, а нејзиното семејство биле и куќни пријатели со семејството на Неделковски.

Обвинетиот Неделковски пред судот одрекувал дека се случил полов напад, но по извршените вештачења и изјавата на жртвата и изјавите на дел од сведоците, Битолскиот суд донесува судска пресуда со која Неделковски се осудува на казна затвор од 6 месеци. Казната Неделковски започнал да ја издржува во битолскиот затвор од 20.01.2010 година.

Денес, истиот тој е назначен за претседател на Сојузот на Тутунари и тоа по предлог на министерот за земјоделство Љупчо Николовски и советникот на Заев за земјоделие Ленче Николовска.

На ваквиот избор реагираше и Душан Илиевски на јавноста познат како Душко Млекарот, кој заедно со Кире Неделковски учествуваа во организацијата на т.н. тутунарски протести пред неколку години.

Претходно «
Следно »

loading…