ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕМАНТИРА ЛАГИТЕ: Лага се шпекулациите дека компанијата Оне.Вип своето седиште во Скопје ќе го сели во објект во сопственост на претседателот Никола Груевски и Сашо Мијалков!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпекулациите дека компанијата Оне.Вип своето седиште во Скопје наводно ќе го сели во објект во сопственост на претседателот Никола Груевски и Сашо Мијалков се груба лага и манипулација, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков се сопственици на посочениот објект, ниту пак поседуваат друг таков објект во центарот на градот. Целосна невистина е и изнесената шпекулација дека наводно од позиција на власт влијаеле на одлуката на ОНЕ.ВИП да го пресели своето седиште во Скопје. Овој текст е уште една потврда дека Зоран Заев, СДС и медиумите под нивна контрола имаат потреба секојдневно да ја дефокусираат јавноста и да пласираат секакви манипулации, без претходно да ги проверат само за да ја покријат антидржавната политика што ја водат, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека изнесените наводи во пишаниот текст кој го пренесоа порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме.

-Ве повикуваме овој демант да го објавите во целост и на начин и простор како веста која се демантира, велат од партијата.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This