ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара нови избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризата наметната од СДСМ мора да заврши. Народот бара избори, на кои ќе се изјаснат и ќе знаат за што гласаат, за да не се чувствуваат пост изборно изманипулирани, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите и нагласува дека на тој начин народот ќе го казни СДСМ.

vmro-dpmne-zgrada

– Човекот кој стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување конфликти со уште поопасни ставови како што е прекројување на границите на Балканот, а СДС продолжува упорно да молчи. Колку должи и кому должи криминогеното раководство на СДС е нивен личен проблем. Тој долг не смее и нема да се плаќа за сметка на највисоките државни и национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се нагласува дека СДСМ уште еднаш на македонскиот народ му докажа дека „тие се партија која работи за нивните џебови и не мислат на иднината на граѓаните“.

– СДС и нивниот претседател Зоран Заев се би дале и жртвувале за да дојдат до власт. Народот ги прочита, и му се спротивстави на СДС, излезе на улица и над педесет дена без престан му кажуваат дека националните и државни интереси не се на продажба. Граѓаните секој ден порачуваат дека не им се потребни платформи од туѓи земји, народот бара инвестиции, нови работни места, мерки. На СДС му порачува ако треба да исплаќаат некакви фактури на нарко дилери и криминалци нека си ги платат со нивните пари, а не да ги плаќа народот или државата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This