Thursday, 24/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ води антидржавна политика, газејќи ги националните интереси

User Rating

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ се однесува како државата и граѓаните да се нивна приватна сопственост.

Законот за јазици кој е изгласан од парламентарното мнозинство на СДСМ е неуставен, неприменлив и создава услови за нови поделби и конфликти помеѓу граѓаните. Со ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, Заев презеде обврска да ја брише и менува македонската историја. Неговите заменици премиери лицитираат со нови имиња, а МНР премолчува палење на македонското знаме и објавување на мапи за поделба на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

-Затоа на СДСМ му пречи секој што рамислува поинаку и што не се плаши јавно да ги изрази своите патриотски чувства, спротиставувајќи се гласно на антимакедонските политики на Заев. Затоа на СДСМ му требаат притвори за уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите чија единствена вина е љубовта кон Македонија. Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите не се терористи, туку патриоти! Ова е главната причина поради која што судот работи не по словото на законот, туку по партиска нарачка за политички прогон врз неистомислениците. Продолжување на притворот на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на видни актери, уметници, режисери, доктори, е само пренасочување на вниманието на јавноста од распродажбата на националните интереси од страна на СДСМ. Судот со скандалозните одлуки за продолжување на притворот на лица кои не се терористи, покажа дека е под целосна контрола на владата на СДСМ и Зоран Заев, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ се однесува како државата и граѓаните да се нивна приватна сопственост.

-Владеењето на правото е подобро од владеењето на било кој поединец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара под итно запирање на сите судски постапки кои се без никаков аргумент. Правосудните органи се продолжена рака на СДСМ. Кристално јасно е дека судот делува како општинска организација на СДСМ и му помага на Заев во политичкат хајка против лица кои не сториле терористички акт ниту во минатото, ниту сега. Затоа ниту обвинението има каква било основа, ниту притворите. Патриотите не сториле терористички акт за сега да го повторат. Ниту некогаш биле насилни или некому се заканувале за сега да би можеле да влијаат на истрагата или евентуалните сведоци. Ниту побегнале, ниту имаат причина да побегнат од земјава. Тоа се трите основи за изречениот притвор кои не постојат. Затоа и се кршат човековите права и не се дава никакво образложение, иако законот го наложува тоа. Граѓаните ќе ја казнат ваква неодговорна и штетна политика на владата на СДСМ и Зоран Заев. Секоја влада во Република Македонија мора пред се да ги става интересите, проблемите и потребите на нејзините граѓани, а не да ја уништува Македонија, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

11 Comments

  1. Solun Skopje Sandanski vo Mkd

    Od VMRO DPMNE “velat..”
    Pa arno im tekna, da ne bea vo zimski son ?
    Narodot Makedonski ova go veli eve veke preku edna godina a mozebi i podolgo…

  2. ar

    a KAKVA VIE VODETE … A? KAKAVICISTA PRODADENI … SO GODINI NA GRB VE NOSEVME A SEA DEMEK STE BILE PATRIOTI VIE I VASIOT EKS METILAV RBET I OVOJ TIPOT GOSPODIN GEL KOSA

  3. ar

    KUKAVICISTA

  4. damjan

    ALOOO!!!NA KOGO OVA MU GO KAŽUVATE NA KOSOVARINE
    PA NIE OVA VI GO GOVORIME ODKOGA GRUJO KRENA RACE OD DPMNE . ODNOSNO OBRATNO KOGA NARODOT KRENA RACE OD .TAKOV .GRUJO
    KOJ NI PIŠUVAŠE NOVELI I PRIKASKI , A VO .IST STIL I VIE PRODOLŽUVATE ,

  5. СПС

    СДСМ води антидржавна политика, газејќи ги националните интереси, а ДПНЕ им помага!
    Ова треба да биде наслов, ако Инфомакс беше кредибилен портал. Но бидејќи сите пијат вода од исти бунар, насловот на артиклов мора да биде во склад со растечкиот тренд на сите медиуми…fake news.

  6. DLM

    ““СДСМ води антидржавна политика““ – оваа веднаш да се прогласи за виц на годината!
    Значи марионетската-квислиншка влада води антидржавна политика (а каква политика овие очекуваат од квислинзи) и демек тие во ВМРО-ДПМНЕ водат државна политика!
    Оваа да не во толку тргаична ситуација за Македонија би предизвикало урнебесно смеење кај секој разумен.

  7. Nicii

    Z N A E M E S E !
    Sto pravite (prevzemate) vie od DPMNE?
    Neli obekavte deka ke ,,napravite analiza‘‘ i ke zastanete vo odbrana na Makedonskite nacionalni interesi?
    Kade ste? Koga?
    (Vaka na kratko,za da ne mislite deka Makedonecot ima kratka memorija)

  8. genov.bg

    ДПМНЕ на Груйчо 12 години води просръбска политика и докара
    Македония до задънен сокак.

    • MANIMAL666

      Болварин.
      Најтешка дијагноза и најтешка казна за реинкарнација.

  9. Trpe

    Tokmu zaradi takvite karakteristiki se odbrani da vladeat ni gi nakalemija so sila za unistuvanje na drzavata i nisto povekje !

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ