ВОЗЕН ПАРК ВРЕДЕН МИЛИОНИ: Што се сѐ наоѓа во возниот парк на Заеви, а не е пријавено во анкетниот лист?

  • April 15, 2018

Зоран Заев денешниот ден го искористи да го провози и да се пофали со својот нов мотор од 30.000 евра, БМВ „ К 1600 ГТ/ГТЛ“, со кој од Струмица, заедно со соодветно полициско обезбедување пристигна до Крушево

 

Во Крушево Заев присуствувал на прославата на именденот на градоначалникот Томе Христовски, кој денешниот ден го слави во чест на Томина Недела или т.н. Втор Велигден. Со Заев пристигнала и поголема група моторџии меѓу кои и неговиот адвокат.

Премирот возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Но тоа не е се што вози Заев. Имено, неговото потесно семејство поседува уште неколку лускузни возила, меѓу кои Мерцедеси, Поршиња, БМВ и секако неизбежното Ауди А6 и А8. До неодамна впрочем Заев се возеше со Ауди А8Л, вредно преку 100.000 евра.

Во поскоро време се вози со Мерцедес „С“ класа, со кој неретко може да се забележи како пристигнува во судот.

Ниту едно од овие возила, кои заедно со сигурност ја надминуваат вредноста од еден милион евра не е запишана во анкетниот лист на Зоран Заев. Освен Порше Кајенот, Панамера, Ауди А6 и А8, Мерцедес С класа, како и мотоциклите БМВ и Јамаха – четирицикл кој го возеше заедно со ген.секот на владата Драги Рашковски – семејството Заеви поседуваат и многу други „поефтини“ возила.

Како што може да се види на анкетниот лист, Заев нема пријавено ниту едно моторно возило на негово име, а јасно е како бел ден дека самиот тој и неговото потесно семејство поседуваат возен парк на кој можат да му позавидат и регионалните политички лидери.

 

Претходно «
Следно »