ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО „ТИНЕКС“ ВЕЧЕРВА: Со нож и електрошок влетал во канцеларијата на шефот, па избегал од полицијата!

  • May 27, 2018

Вооружен грабеж се случил вечерва во „Супер Тинекс“ во општина Карпош во близина на Драмскиот театар, дознава Инфомакс

 

Од МВР за Инфомакс ја потврдуваат информацијата за вооружен грабеж на Супер Тинекс во Карпош 2 кај Драмски театар, но не прецизираа понатамошни детали кои би можеле да наштетат на истрагата која е во тек.

Според информациите на Инфомакс, едно лице со нож и електро шок влетало во канцеларијата на шефот на маркетот, го побарал прометот, но вработените веќе го вклучиле алармот, поради што брзо интервенирала полицијата и приватното обезбедување.

На лице место пристигнале екипи од единицата „Алфа“, но крадецот успеал да побегне.

Според последните информации, напаѓачот е пронајден и се очекува негово приведување.

 

Репортер
Б.Стоилковиќ

 

Претходно «
Следно »

loading…