March 29, 2024, 11:05 am

ВО ЖИВО ОД БАРСЕЛОНА: Колапс во Каталонија – неколу стотици илјади луѓе на улиците, блокирани автопатишта и државни институции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 300 илјади луѓе денес излегоа на улиците на Барселона да протестираат против полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност на Каталонија, соопшти градската полиција, а низ цела Каталонија блокирани се автопатиштата и затворени се школите.

,,Надвор окупациски сили’’ и ,, Улиците секогаш ќе бидат наши’’, се дел од паролите на учесниците на протестите, кои го окупираа центарот на каталоснката престолнина во време кога шпанската покраина стапи во генереален штрајк, а над нив надлетуваат полициски хелихоптери, изјави АФП.

Истовремено ширум Каталонија денес се блокирани автопатиштата, школите се затворени, истовремене и голем дел штрајкуваат и работниците и студентите, кои излегоа на улиците да протестираат против полициската прекумерна употреба на сила за време на референдумот во неделанта, кога повеќе стотици луѓе беа повредени, изјави АП:

Во Барселона се затворени метроата , некои од главните сообраќајници, а државните службеници не се на работа, откатко над 40 синдиката и здруженија повикаа на генерален штрајк, поради кршење на човекови права и слободи за време на полициската акција за спречување на каталонскиот референдум.

 

Неработењето на државните институции првобитно биле најавени како генерален штрајк во цела Каталонија, но од ни се дистанцираа најголемите синдикати, од јавниот секторм јавниот сообраќај и базичните службиј, јавува Ројтерс.

Метрото во Барселона кое вообичаено е полно со луѓе, денес е пусто, заштитни огради ја влокираат авенијата Гран Виа, една од најважните во градот, додека сообраќајот на шесте главни авопатишта во Каталонија е спречен поради протестите.

Пјаца Бокерија во Барселона е целосно празна.

Протестираа и просветителните работници пред регионалното седиште на владата на шпанската Народна парија, додека пожарникраите планираат да протестираат пред регионалната канцеларија на министерството за внатрешни работи во Барселона.

Демонстрации се закажани и пред школите, кои се користеа како изборни беста , на кои полицијата примени сила како обида да спречи гласање на референдумот во неделата.

Според Ројтерс, на други места, одговорот на повикот на генерален штрајк бил нерамномерен, бидејќи се отворени некои продавници и кафичи.

Двете најголеми синдикални центри, УГТ и ЦЦОО соопштиле дека нема да учествуаат на генералниот штрајк и повикале на дијалог помеѓу каталонските власти и централната власт, со критика упатена кон едните за еднострано прогласување независност, а кон другите за прекумерна уботреба на сила.

УГТ и ЦЦОО јасно даваат до знаење дека не ја подржуваат таа позиција, односно таа политичка стратегија. Ние не повикуваме на генерален штрајк на 3 октомври, наведено е во соопштението.

Меѓутоа во многу служби кои се под контрола на каталонската влада има прекин на работата, јавниот сообраќај работи со капацитет од 40 проценти, додека просветителните работници и јавните службеници целосно запреа со работа.

Влезовите во поединечни владини канцеларии се блокирани со групи на демонстранти.

Паис пишува дека на улицата Сант Антони се поставени бариката во вид на гласачки кутии, кои се поставени од членовите на Одборот за одбрана на референдумот од каталонската Републикаснка Левичарска партија.

,,Ова се нашите барикади’’ објави партијата на Твитер.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This