ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА НОВАТА ВОЈНА: Кралицата Елизабета има подготвен говор за почетокот на Третата светска војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не поминаа ниту две седмици од севернокорејското тестирање на хидрогенската бомба, а Ким Јонг Ун повторно лансираше балистичка ракета над Јапонија. Во август, втората ракета прелета над Јапонија пред да заврши во морето, а експертите тврдат дека новата рекета летала на поголема висина од претходната – патувајќи 3.700 км и постигнувајќи брзина од 770 км/ч

Јужна Кореја веднаш одговори со лансирање на ракета во морето, додека јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека нема да толерира никакви провокации.

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, силно го осуди лансирањето на ракетите.

Тоа е 15.пат оваа година Северна Кореја да тестира оружје за масовно уништување, а во овие напнати времиња тешко е да не се помисли на можните последици.

Ако се случи она од што поголемиот дел на луѓето се плашат – а истовремено се чини незамисливо – и третата светска војна започне, постои планиран говор кој кралицата Елизабета ќе им го чита на граѓаните на Велика Британија. Говорот изворно е напишан во 1983, за време на Студената војна, а во 2013 е откриен во Националните архиви, пренесува Би-Би-Си.

Одредени аспекти на говорот се застарени, но експертите од протокол велат дека тој дефинитивно би послужил како основа за обраќање на кралицата кон јавноста во таков хаотичен момент.

Во секој случај, иако се работи за симулација, тоа е текст кој „отрезнува“.

Напишан е за потенцијално емитување за петок попладне на 4.март 1983, а кралицата го започнува со присетување на тагата која ја почувствувала кога започнала Втората светска војна.

Кралскиот говор прочитајте го во продолжение.

Сега ова лудило на војната уште еднаш се шири во светот и нашата храбра земја мора уште еднаш да се припреми за преживување и покрај сите потешкотии пред нас. Никогаш не ја заборавив тагата и гордоста која ја почувствував кога јас и мојата сестра го слушавме нашиот татко и неговите инспиративни зборови оној кобен ден 1939.

Ниту еден момент не можев да замислам дека и мене еден ден ќе ми западне оваа страшна должост. Меѓутоа, без разлика на кои било препреки и стравови да се најдат пред нас, сите доблести кои нам ни помогнаа да ја одржиме својата слобода веќе два пати во овој век, уште еднаш ќе бидат наша сила. Мојот сопруг и јас ги делиме со вас стравовите за вашите ќерки и синови, мажи и браа кои ќе не напуштат за да и служат на нашата земја.

Токму таа силна семејна врска мора да биде најголема одбрана од непознатото. Ако ние останеме обединети и одлучни, давајќи им засолниште на оние кои се сами и незаштитени, волјата на нашата земја да преживее не може да биде срушена.

И додека заедно се бориме против новото зло, да се помолиме за нашата земја и луѓе со добра воља каде и да се наоѓаат. Бог да ве благослови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This