ВО НОРМАЛНА ДРЖАВА ВАКА ЗАВРШУВААТ СОРОСОИДИТЕ: Новиот австриски канцелар Себастијан Курц го избрка Сорос од Австрија

  • October 21, 2017

Новоизбраниот австриски премиер Себастијан Курц го извести Џорџ Сорос дека неговата Фондација „Отворено општество“ има 28 дена да ги запре сите операции во Австрија или во спротивност ќе соочи со правни мерки „за обид да ја поткопа демократијата на нацијата“, објави сајтот yournewswire.com.

 

 

31-годишниот Себастијан Курц, најмладиот лидер во историјата на Австрија, изјави дека мора веднаш да се преземат мерки против дејствувањето на Сорос, особено откако тој донира 18 милијарди долари од личното богатство на сметка на Фондацијата „Отворено општество“.

-Ситуацијата станува критична. Сорос заложи се што има за да оствари глобална контрола. Медиумите преку ноќ почнаа неконтролирано да шират дезинформации и манипулации, така што сметам дека нема место за несогласување.

Курц вели дека ја разбира агендата на Сорос и вели дека „не постои шанса Австрија да биде неговата петта жртва“

, алудирајќи на земјите во кои интервенциите на Сорос насочени кон личен профит и зацврстување на глобалното влијание, направија несогледливи штети на националните економии.

На прашањето зошто го забранува работењето на Соросовата фондација „Отворено општество“, младиот Курц кусо одговара „Зашто е 2017 година“.

Веста дека Сорос донира 75% од своето огромно богатство за политичка и социјална агенда одекна силно во светот, а демократски избрани лидери изразија загриженост дека тешко ќе се справат со тежината на Соросовите милијарди распоредени на сметките на политичари и новинари во земјите на мета. Курц се согласува со овие ставови и затоа решил навреме да преземе цврста акција.

-Сенката на Сорос е најголемиот предизвик со кои се соочува човештвото во светот во 2017 година. Тој е голем октопод обвиткан околу лицето на човештвото, кој немилосрдно ја вбризгува својата крв во се што мириса на пари користејќи корумпирани политичари, новинари и јавниот сектор, во обид да создаде слика на светот по свој терк.

-Австријците го отфрлаат Новиот поредок и моја должност и привилегија е да сепридржувам до нивната волја, заврши Курц.

Претходно «
Следно »