ВО СКОПЈЕ СЕ СПОИЈА НЕБО И ЗЕМЈА: Пороен дожд, град, силен ветер и грмотевици го сардисаа Скопје

  • June 13, 2018

Во моментов во Скопје врне пороен дожд, град а има значително зголемување на електрични празнења.

Инаку, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град, особено во источните делови.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта, кога не е исклучено повторно на места да има појава на невреме. УВ=8
УХМР Македонија

Претходно «
Следно »