ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ НА НОВАТА ВЛАДА: Албанскиот јазик како втор официјален

  • May 19, 2017

Уредувањето на албанскиот како втор официјален јазик ќе биде еден од првите приоритети на новата влада. Ова го потврди и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

ahmeti-640x376

-Сигурно и од голема важност е да се даде порака дека ова е почеток на многу очекуваните реформи почнувајќи од тие во судството, но не заборавајќи дека оваа земја е во потполна стабилност почитувајќи ги и етничките заедници, што значи дека не треба да се заборави Охридскиот договор, не треба да се заборави статусот на албанскиот јазик како што е определен со Охридскиот договор и со Уставот на РМ.

Вака одговара Ахмети на прашањето- кои ќе бидат првичните задачи на новата влада во која партиципира и неговата партија.

Ние не бараме ништо што е надвор од Охридскиот договор и надовор од Уставот на РМ, вели Ахмети и додава:

„Злоупотребата на политички партии за дневно-политички цели дека Али Ахмети кажал пред 10 години: „Прашањето на албанскиот јазик е завршено и дека албанскиот јазик е официјален“, јас никогаш не сум рекол такво нешто. Сум кажал дека албанскиот јазик и статусот се уште не се завршени, има аванцирање на албанскиот јазик во Македонија, но не е комплетно, статусот на албанскиот јазик ќе се уреди со Закон како што бара и самиот Охридски договор и Уставот на РМ- јазикот кој што го зборуваат над 20% од граѓаните исто така е официјален јазик.“

Претходно «
Следно »