Tuesday, 24/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ЗНАЧИ БАЛКАНСКА ВОЈНА: Ако Брисел молчи – ќе биде одговорен за последиците

100%
User Rating

По албанскиот премиер Еди Рама, вчера и косовскиот претседател Хашим Тачи отворено се закани дека голема Албанија ќе биде реалност ако Брисел не го продолжи интегративниот процес и за Kосово.

aleksandar-vulin

Доколку Европската Унија ја затвори вратата за Kосово, сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи понатаму со интеграцијата во европското семејство – изјави Тачи.

loading...

Речиси истото претходно го изјави и Рама порачувајќи му на Брисел дека доколку избледи европската перспектива за Западен Балкан, можно е да дојде до обединување на Kосово и Албанија.

Во меѓувреме од ЕУ нема осуда на заканите од официјално Kосово, како ни претходно во врска со тие од Рама.

Со револт и осуда за пораките од Kосово и Албанија реагира и официјален Белград. Министерот за работа, вработување, боречки и социјални прашања на Србија, Александар Вулин, за „Дневник“ вели дека тоа што Брисел не ги осудува ваквите изјави и не реагира, практично значи оти дозволува да се случи балканска војна, која е единствениот пат за да се реализира проектот за голема Албанија.

– Тоа може да се спроведе само со балканска војна, Брисел тоа мора да го знае оти ако нема намера да го осуди планот на Тирана и Приштина, мора да им стави до знаење дека ваквото однесување ќе се казни. Во спротивно ќе биде одговорен за сите идните случувања, изјави Вулин за „Дневник“.

Во сличен стил е и неговата изјава што ја пренесе „Танјуг“:

„Приштина и Тирана јасно кажаа која е нивната цел, тоа е голема Албанија и обединување на сите Албанци каде и да живеат во еден етнички простор. Тоа може да се постигне само преку голема балканска војна, а тоа мора да му биде јасно на Брисел, кој ако не е барем во состојба да осуди, треба да стави до знаење дека таквото однесување ќе биде казнето“, рекол Вулин.

Во изјавата за „Дневник“ тој додава и очекувано е што Тачи си дозволува да најавува балканска војна кога бриселските реакции по изјавата на Рама се благи, па дури и со доза разбирање.

– Тачи настана како терорист, па не може од него да се очекува да разбере што било друго. Одговорноста повеќе не е ни во Албанија ни во Kосово оти нам ни е јасно дека тие отсекогаш сонуваат за голема Албанија, дека секогаш ќе сонуваат и ќе направат с` за сонот да им се оствари ако не бидат спречени пред воопшто да се обидат – истакнува Вулин во изјавата за нашиот весник.

До Брисел преку српските медиуми порака испрати и новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ, иронично коментирајќи дека кога тој би изјавил оти „сите Срби треба да живеат во една држава, најверојатно ќе биде закачен во Брисел на јарбол, на местото на некое од знамињата што висат таму“. Тој апелира до албанските и косовските политичари да не даваат изјави со кои се провоцираат тензии во регионот.

– Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за заедничка соработка на важните проекти. Такво нешто, без разлика на нечии желби, нема да биде дозволено – порача Вучиќ.

loading...

3 Comments

  1. Ivan

    Koj brisel be tie hitlerovi fasisti toa go baraat da moze nato poftorno gubreto da go isfrli kako i za kosovo tie se hitlerovi ucenici fasisti ebem ti evropa ebem go RAMA SVE ZE TOA DROGERASI

  2. Ivan

    Balkanska vojna znaci NATO FASISTICKO DROGIRANO NATO saka da si ja isproba silata i ludata mok tie ze sve sobrani SVETSKITE DELIKVENTI I DROGERASI KOJ PAMETEN SAKA VOJNA , SAMO DROGIRANIVE , ALBANCI , I BUDALIVE NATOVCI

  3. СПС

    Сите велат дека Балканот е буре барот. А јас мислам дека само фитиљот е кај нас, а бурето е Европа. Затоа Брисел молчи, оти ако нешто кај нас биде , на пример војни дејствија, по инерција, а и како што не учи историјата, Европа ќе гори. Но, ако овој пат се потпали фитилот нема да остане ни Е од Европа, заради една единствена причина, народски речено, овој пат ептен си го ставија задникот под кирија на империјата. Сега така гологази секој може да ги потисне, па ќутат и чекаат што ќе им каже газдата им империалистички и колониалистички. Тоа може да биде и објаснување зошто во срцето на Европа има терористички напади, а ние овде на Балканот сме “игнорирани во тој поглед”. Не успеа нарцисоидниот Обама да ја одигра улогата на себезамислен Бог, и да биде како што рече на годишното генерално собрание на ОН во 2014-тата, дека ќе има воја на Балканот. Рече, ама не би војна. Затоа си ги посети и Грција и Албанија пред да замине од функцијата самозамислен Бог. На првите им даде инструкции за емигрантите кои да не заборавиме ги има над 20.000 во Грција, и не случајно се оставени таму. А на Албанија им даде нареѓење за во случај Бејли да ја оплеска со изборите, како да си продолжи со планот за голема албанија. И сега да, глобалистиве сакаат воја оти им е профитна, ама војната кај нас е лов во матно. Никој со сигурност па баре 51 постотнo не може да каже за можниот исход. Се плашат да не испадни онаа народната “Од кол на кол еден в задник”. А ова дека Еди Рама се прска со секакви будалаштини, е тоа им е како барометар за ситуацијата на теренот. Ем ќе го испитаат пулсот на домицилното население, ем можеби ќе се случи чудо и ќе би голема албанија, само со зборување на мирно. Апетитите на империјата им се зголемиле до таа мера да не им е доволна Албанија што претходната Австро/Унгарија ја оформи, ами сега сакаат дупло. Но како што не учи историјата апетитите и кулинарството во империјата во фаза на распаѓање, достигнуваат ниво на фетиш. Па не е да им замериш, ама пак ќе повторам од кол на кол…

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031