Thursday, 19/4/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ГРАД СКОПЈЕ СО РЕАКЦИЈА: Нема да има забрани, ама граѓаните од внатрешноста ќе се паркираат надвор од Скопје, па со автобус низ градот!

18%
User Rating

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

 

Од Град Скопје велат дека не се планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

loading...

-Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед). Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје. Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

loading...

2 Comments

  1. nikola rusinski

    ALOO grad Skopje ,, najeftin e transport so magarinja,,.
    A vo Skopje ve ima ednocudo

    • Vistinata koja boli

      Po denesnoto ednoglasno izglasuvanje na Zakonot za jazici, ne gledam deka ima nedostatok niz cela Makedonija !?

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

iNFOMAX.mk на ФБ