Saturday, 22/7/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ГРУЕВСКИ: Нашиот збор не е празно ветување, туку значи исполнување

User Rating

Денес се потпишува договорот за градба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со што се отпочнува со реализација на еден капитален и суштински проект кој го ветивме на граѓаните. Со градба на новиот Клинички центар ќе отпочнат двете најголеми градежни компании во Македонија – Гранит и Бетон, и реномираната италијанска компанија Инсо. Вредноста на договорот, односно инвестиција, е околу 72 милиони евра, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-klinicki-640x375

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е најголем здравствен комплекс во Република Македонија, на површина од 17 хектари, кој се состои од 32 независни субјекти со вкупен персонал од 3.400 медицински и административен персонал.

-Низ овие клиники на годишно ниво минуваат повеќе од 800.000 луѓе, односно околу 2.200 луѓе дневно. Вкупната новопроектирана нето површина на оваа зграда изнесува 46.987 м2 корисен простор, 6.416,89 м2 проодни тераси и кровни градини и 531 м2 хелиодром. Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром за транспорт на пациенти на десеттото ниво. Се работи за најсовремен објект кој ќе биде врвен медицински центар. Ова е проект со досега најголемо значење за македонското здравство, напиша Груевски.

На проектирањето на новите објекти и инсфраструктура на Клиничкиот центар четири години интензивно работеа тимови на проектанти од италијанска компанија во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа, како и тимот од Министерството за здравство и Проектната единица.

-Со овој проект се овозможува највисоко ниво на квалитет на употребени материјали, висока функционалност и безбедност, при што врвен приоритет е третманот на пациентот и неговото олеснето движење и удобност во рамки на објектот. Задоволени се највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современо автоматизирано и централизирано управување, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал, што досега воопшто го немаше во јавното здравство и бројни други најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип, напиша Груевски.

Она што го ветивме започнува да се реализира. Нашиот збор се исполнува, заклучува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

9 Comments

  1. Dimitar

    Šiptari najpojke idat od Albanija i Kosovo vo Skopje zatoa što lekarstvoto tamu ne im čine. Bravo Grujo, vo se im pomogna pa duri i zdravstvenite uslovi im gi podobre ama pak ne te sakaat.

  2. stevo

    siptarite ke se gordeat so tvojot zbor sto napravi za MAKEDONIJA nisto im dade sve i drzavava na kraj mu napravi avtopati hidrocentrali komunikativniot sistem uste gazeto da im go navrtese i ke bese perfekten

  3. siptaroMrazac

    za kogo gradis grujko? gi podobruvas uslovite za uste siptari da se naselat?? od kosovo i od siptaria, sega koa ke pocnat sds da im davaat drzavjanstva na siptari, pa merkel taa kurva mrska sidosanata prokleta koa ke gi tupne begalcite vo makedonia. samoto ova rezultira so isseluvanje na makedoncite. samo ti gradi grujko mil. trebade drzava da izgradis za makedoncite. zatoa te glasavme sive ovie godini….

    • Lily

      vie svarno ste oboleni luge I plitki vo pametot pa sto ima loso vo toa znaci vas nisto neve interesira osvem za toa sto vie bi imale licna korist.

  4. Бозон

    Или да видиме како им го перат мозокот на младите. Колку наивна колонизација и перење на мозокот. Сигурно и баба ни и дедо ни играле квадрил на сред село. Тие што ни ја избориле државава и јазикот.
    Се прашувам како би изгледало едно масовно матурско калајџиско во Берлин, Париз или Лондон. На нивното средсело. Како реципроцитет меѓу културите.
    На младиве секој може мода да им подметне. Пошто квадрилот е гос-под-ски нели? А калајџиското е простачко, народно де.
    Си одгледаа западњациве своја генерација. Ојро генерација.

  5. СПС

    Точно, ветивте дека ќе ја продадете Македонија и ја продадовте. Нема што, од збор сте.

  6. Сашо

    На ВМРО им треба нова програма, јасна платформа и стратегија. Сега ќе имаш време да одиш низ народот, во базата… земи пенкало и ти запишувај си. А не како оние што ни ги праќаше претходно, што запишуваа нешто во тефтерчиња и ги фрлаа листовите што не им се допаѓаа на локалните раководства во кафеаните со кои одеа на ручек после средбите со граѓаните…

  7. Lupco Sydney - Australia

    GOOD IDEA SASO . ALWAYS LISTEN AND ONLY TRUST THE PEOPLE .

  8. JA NE ZNAM JA BEV U PODRUM

    Zasto on Infomax Ne gi prenesuvaat Komunite na Darko I Mirka Boban I Milenko vo celost
    KOJ SE ZA ZAL SAMO NOVINARI
    DA IMAVME VAKVI POLITICARI VO POLEDNITE 26 Godini
    Makedonija I Makedonskiot Narod nemase da bide porobena

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...