ДАЧИЌ ПОВТОРНО СО МИКРОФОНОТ ВО РАКА: Ивица Дачиќ одржа цел концерт во Паралија

  • August 28, 2017

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, повторно беше снимен како се фаќа за микрофон, при што овојпат не отпеа една песна туку одржа цел концерт во Паралија-Грција. Дачиќ пееше на собирот на 300 наставници и средношколци.

Дачиќ испеја околу десет песни, меѓу кои една грчка и една руска песна.

Инаку, наставниците од Јагодина отпатуваа во градот Паралија за да разменат искуства со своите грчки колеги четири дена.

Претходно «
Следно »