ДАЧИЌ ЈАСНО ГО ПОТВРДИ СТАВОТ: Не постои уцена која може да ја натера Србија да го признае Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Белград е за продолжување на дијалогот со Приштина, но дека врз основа на досегашното искуство смета дека дел од меѓународната заедница и Албанците од Косово го лажат српскиот претседател Алекасандар Вучиќ и дека не сакаат компромис, туку само признавање на независноста.

Не постои уцена која може Србија да ја натера да го признае независно Косово“, изјави Дачиќ за РТС.

Тој додаде дека Приштина, како и меѓународната заедница, треба да се изјаснат дали постои или не Бриселскиот договор.

„Јас го потпишав со Кетрин Ештон и Хашим Тачи, но никогаш немаше да го потпишам доколку во него не стоепе делот за Заедницата на српски општини (ЗСО)“, додаде Дачиќ.

Тој потсети дека поради тоа Србија направи повќе отстапки, покрај другото и интеграција на српските институции во косовските институции, што сега, како што оцени, се доведува во прашање по одлуката на Приштина да не го примени договорот за статут на ЗСО.

„Неприфатливо е по 5 години и понатаму да расправаме дали некој ќе го примени Бриселскиот договор“, кажа српскиот министер. „Србија не е за прекин на дијалогот, но не го разбира тоа што некој мисли дека тоа е пократкиот пат Србија да ја признае независноста на Косово“.

Тој потсети и дека дел од меѓународната заедница нема намера да бара компромис и додаде дека смета дека „приказната е завршена“.

„Тие мислат дека само за да влеземе во ЕУ ќе ја прифатиме еднострано прогласената независност на Косово. Треба да се засрами секој што ќе помисли дека некој тоа може да го направи. Каква земја би си го дозволила тоа?“, кажа тој.

Дачиќ оцени и дека сѐ што се случува околу дијалогот на Белград и Приштина не е добро ни за стабилноста на регионот.

„Нема стабилност во регионот без компромис со Србија“, истакна тој и додаде дека и Европа може да изгуби поради својот едностран пристап кон овој проблем.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This