ДАЧИЌ:Сакаме во Скопје да разберат дека знаеме сè

  • August 22, 2017

Но, и покрај тоа, истакнува Дачиќ, Србија сака добри односи со сите држави во регионот заради мирот и стабилноста.

 

– Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија која не се базира на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени факти кои говорат за засилено офанзивно дејствување кон Србија, изјави Дачиќ за српската телевизија „Пинк“.

Најави дека за новонастанатата ситуација, српскиот претседател Александар Вучиќ утре телефонски ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев, а тој ќе се слушне со својот македонски колега Никола Димитров. И премиерката Ана Бернабиќ ќе има прилика да разговара со Заев на меѓународен собир планиран за наредните денови.

Според Дачиќ, Србија била многу коректна и конструктивна и не се мешала во внатрешните работи во Македонија, дури и, како што вели, во турбулентните времиња кога имаше секојдневни протести.

– Не постои ништо врз основа на што би можело да се утврди дека Србија на каков било начин презела нешто против интересите на Македонија. Напротив, имавме предвид дека тоа е република од поранешна Југославија чиј континуитет Србија го продолжи со Македонија, вели шефот на српската дипломатија.

За најавите од Скопје дека Македонија ќе ги следи повеќето држави од ЕУ во врска со кандидатурата на Косово за членство во УНЕСКО, Дачиќ истакна дека доколку Белград го следи ставот на ЕУ тогаш би можел да ја поништи претходната одлука и да ја признае Македонија под името што го користи Брисел, а тоа е ПЈРМ.

– Многу сме јасни кога велиме дека сакаме да имаме добрососедски односи со Македонија, но тие мора да се базирани на принципите на реципроцитет. А тоа е како вие со нас, така и ние кон вас, изјави потпретседателот на српкста Влада и миннистер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Претходно «
Следно »