ДОСТА ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ, НЕ НИ ТРЕБААТ ПРОБЛЕМИ И ОД ДРЖАВАТА: Самсоненко за астрономските цени со кои ПУИК го уценуваше Вардар!

  • September 15, 2017

Не е тајна дека имаме финансиски проблеми, сите имаме, и многу е тешко тие проблеми да ги изнесеш и да ги решиш, се надевам дека владата нема да ја остави работата на ПУИК и дека ќе се вклучи во надминување на проблемите – изјави Сергеј Самсоненко на денешната прес конференција, на која зборуваше за вчерашниот наптревар против Зенит, но и на која потврди дека останува во Вардар

 

Новото раководство на ПУИК, поставено од владата на Заев за натпреварот на Вардар против Зенит во првото коло од Лига Европа му наплати на клубот астрономски 35.000 евра за еден натпревар, со што практично беше изрекетиран и ФК Вардар, но и сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко, кој во изминатите години го издигна Вардар во сите три клуба на ниво на европски шампиони.

Според Самсоненко, тој се надева дека ова нема да се случува во иднина, и изрази надеж дека новата влада ќе најде начин да го реши овој проблем бидејќи се работи за голема сума, а како што вели, тоа е уште еден дополнителен проблем кој ќе треба да го решаваат.

„Доста имаме проблеми, да имаме уште проблеми од внатре. Од државата“ – изјави Самсоненко.

 

Колку за потсетување, минатата недела со одлука на ЈППСДП,, цените за користење на Арената се зголемуваат дури три пати. Па така Вардар за мечот со Зенит треба да плати околу 35.000 евра. Навистина астрономска цена. – велат од Македонски спорт.

Претходно «
Следно »

loading…