March 29, 2024, 12:25 am

ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО: Европската унија очекува да се самоукинеме до крајот на следниот месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високи европски дипломати брифираат за оптимизмот што владее во ЕУ во пресрет на Самитот во Софија за договор меѓу Скопје и Атина во текот на идниот месец.

Висок дипломатски извор, близок до Европскиот Совет, утрово ги информираше новинарите за текот на подготовките на софискиот самит, каде лидерите на ЕУ очекуваат добри вести од Скопје и Атина за текот на преговорите.

– Сѐ уште нема среќен крај и нема да има оваа недела, но има добар напредок. Она што е важно е да има решение за грчко-македонскиот спор на почетокот на јуни, тоа би можело да е клучно за позитивна одлука на Европскиот Совет во јуни, брифираше дипломатот.

Во јуни шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се состанат во Брисел за самит посветен на проширувањето, на кој ќе се разгледуваат препораките на Европската Комисија (ЕК) дадени во април, меѓу кои е и препораката за старт на преговори за Македонија.

-Тоа е временската рамка која нам ни е потребна, изјави дипломатот, а во Софија в четврток двајцата лидери ќе брифираат за преговорите.

Дипломатите во Европскиот Совет сметаат дека доколку Македонија и Грција постигнат договор за спорот може да се очекува “позитивно прелевање“ во другите земји во регионот.

-Ќе има импакт врз општата атмосфера, но и врз одлуката за Албанија, изјави дипломатот.

Европскиот Совет го дава договорот меѓу Бугарија и Македонија постигнат минатата година како пример за тоа како две земји од регионот можат да ги надминат тензиите.

– Бевме сведоци на договорот помеѓу Македонија и Бугарија. Имаше многу спорни теми, но успеаја да го решат овој проблем. Ова треба да биде модел, посочувајќи ја и демаркацијата на границата помеѓу Црна Гора и Косово како втор “позитивен пример“ од Западниот Балкан.

Запрашан дали ЕУ разгледува опција за отворање преговори без конечен компромис на спорот за името помеѓу двете страни, дипломатот одговори:

– Она што нам ни е потребно е позитивен сигнал од билатералните односи. Уште сме полни со надеж дека е можно во јуни да се постигне договор и се надеваме дека Заев и Ципрас ќе го оправдаат нашиот оптимизам уште повеќе.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This