ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕМА ДА НЕ ПРИМИ: Ние името ќе го смениме, но дали вие, браќа Албанци ќе ја смените верата за да влеземе во ЕУ?

  • May 27, 2018

Нонпејперот потпишан од Германија, Франција, Холандија, Данска и уште неколку земји кој циркулира во седиштето на ЕУ уште еднаш потврди дека унијата нема намера да ја прими Македонија како полноправен член, дури и ако се реши спорот со името кој Грција го има со нас

Новинарот Цветин Чилиманов, причината ја гледа во тоа што водечките сили на ЕУ практично имаат проблем со муслиманското население во Македонија, како што имаа и со Турција но и со Албанија која е 60% муслиманска.

„Формалната причина што Турција не можеше отвори преговори со ЕУ толку долго време беше тоа што Кипар бараше Турција да го признае островот како обединета независна држава во документи на ЕУ, брои што Турција секако не можеше да го направи. Ова беше формалната причина. Реалната причина, секако, беше тоа што Турците се муслимани. Франција, Германија, Холандија беа супер-среќни што Кипар ја блокираше Турција – ем Турците не влегуваат во ЕУ, ем властите на овие земји може да кажат дека не се расисти/исламофоби.
Во Македонија, албанските партии на глава ми се качија дека поради нас Македонците и нашето тврдоглави одбивање да го смениме името, они не можеле да влезат во ЕУ. Еве сега, под Заев, Македонија е отворена пет прсти, спремна да прими што и да е, само да влеземе во ЕУ. И пак, Германија, Франција, Холандија, Данска.. излегуваат со нон-пејпер, дека не сме биле ЕУ материјал, бидејќи корупција, криминал, тоталитаризам.. А реално, дечки, ЕУ нема да прими земја што е 30 посто муслиманска. Уште помалку Албанија, која е 60 посто муслиманска. Посебно не ЕУ во која гледаме како се гласа во Италија, Франција, Холандија, Австрија.. Така да, еве, браќа Албанци, ние толку долго бевме притискани да преговараме за личниот идентитет – прашање што никој не би прифатил да го стави на маса. Еве, под Заев очигледно сме тргнале да го менуваме името. Вие ќе ја менувате верата за да влеземе во ЕУ?“ – пишува Чилиманов на својот ФБ профил.

Претходно «
Следно »

loading…