(Ексклузивно фото)ХРИСТИЈАНСКИ БРАЌА: Руската Амбасада во Македонија ќе поставува мермерен крст во Лешочкиот манастир!

  • May 19, 2016

Руската Амбасада во Р.Македонија ќе постави мермерен крст во Лешочкиот манастир во чест и спомен на руските монаси кои на почетокот на минатиот век емигрирале од Русија во Македонија и живееле во манастирот
Krst_rusi

Руските монаси тука ја остварувале својата служба, пренесувајќи ги обичите и верата од Македонија во Русија и обратно, при што дале голем влог и придонес во обновувањето на монаштвото во Македонија.
krst_rusi2

Крстот е изработен од високо-квалитетен мермер, а изработката е уникатна, односно истиот се резба од еден мермерен блок, наместо да се прави на делови, а потоа да се склопува. Ваквиот начин на изработка е многу редок и ексклузивен, но долготраен и впечатлив. Дознаваме дека токму Амбасадорот на Руската федерација во Македонија Олег Шчербак бил тој кој инсистирал крстот да биде изработен во оваа техника!

Претходно «
Следно »