ЖЕНА АПСЕНА СО 30 СПЕЦИЈАЛЦИ СО КАЛАШНИКОВИ: Апсена пред очите на своите деца, во еден тажен ден за македонското судство

  • February 20, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата Отворено на 24 Вести, потенцираше дека 27 ми ноември е тажен ден за судството во Република Македонија, бидејќи тој ден се случиле многу лични трагедии на луѓето кои биле приведени.

-Жаклина Пешевска ја апсеа 30 специјални пред очите на нејзините деца, утрото во нејзиниот дом. Влегоа со калашникови и ја апсеа нашата пратеничка и тоа е многу лошо, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека до сега во ниту една влада немало пример каде што поранешниот министер за внатрешни работи е сликан во затвор, што не е случај сега кога Митко Чавков беше сликан само за да биде понижат.

-Не сум имал можност да ги видам доказите, но сум разговарал со семејствата кои што се наоѓаат во притвор, семејствата на пратениците и семејствата на оние кои што ми се блиски, и од она што ми е кажано знам дека нема доказа за тие луѓе што се внатре, кажа Мицкоски.

Според Мицкоски апсурдно е обвинението за кои се обвинети лицата од 27 ми април, бидејќи има обвинение каде што лицата се обвинет за тероризам и акт против уставот само поради тоа што давал мимики и ишарети.

Претходно «
Следно »