ЗАБРАНАТА НА ВОДНО НЕ ВАЖИ ЗА АМБАСАДОРИТЕ: Дали дипломатските таблички го спречуваат загадувањето?

  • January 8, 2018

Забраната за движење на Водно очигледно како мерка стои само на хартија, бидејќи како што можеше да се види изминативе неколку дена, на планината имаше голем број на возила за што и граѓаните реагираа дека забраната не се почитува.

Денес пак, оние што одлучиле да се рекреираат на Водно можеле да видат неколку автомобили со дипломатски таблички кои слободно се движеле и за кои очигледно не важи никаква забрана, па се наметнува прашањето дали доколку возилото има дипломатски таблички не ја загадува околината?

Претходно «
Следно »