ЗАКАНИ ДО ЧЛЕНОВИ НА ИК НА ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе ве избркаме од тука“, „Немој ти да кажуваш“, „Ќе ја правиме албанска држава“ – закани на до Орце Ѓорѓиевски

  • March 17, 2018

Закани по животот пристигнале во приватни пораки на социјалните мрежи на профилот на членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, откако тој одржа неколку прес конференции во име на партијата по повод силеџиското „изгласување“ на законот за јазици

„Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова е класичен кукавички чин, затоа што инбоксот не е место каде разговараат сериозни луѓе. Видете вака “почитувани”, агресивни човечиња: во мојата идеја за заштита на Македонија ова е нешто што најмалку можам да сторам, и не само сега, секогаш кога мојата земја ќе се соочи со проблем јас ќе бидам напред во нејзина одбрана ! И ве замолуваме не арчете закани, затоа што единственото нешто од кое Орце Ѓорѓиевски се плаши е Господ Бог.
Да живее Македонија !!!“ – напиша Ѓорѓиевски на неговиот ФБ профил.

 

Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Saturday, 17 March 2018

Претходно «
Следно »