ЗАПОЧНА ДИВЕЕЊЕТО НА РЕЖИМОТ НА СДС: Екс-телохранителот на Фрчковски и претседател на СДС во Илинден претепал 15-годишник на игралиште во Белимбегово!

  • July 15, 2017

Започна дивеењето на структурите на СДС, а само во последните пет дена граѓаните пријавуваат инциденти и насилства извршени од високи членови на партијата и вработени во владините структури кои предизвикале серија на сериозни прекршувања на законите

 

Пред пет дена во Владата на Р.Македонија се случил насилен настан, а дошло и до загрозување на живот со ладно оружје, а како што информираат вработените настанот бил прикриен, а од МВР воопшто не коментираат за оваа случка. Впрочем и настанот не беше објавен во дневниот билтен на министерството.

На 13-ти овој месец, заменик директорот на УЈП Исмет Гури кој се претставувал дека е куќен пријател на Заев пак, со тупаници претепал 62-годишен вработен на управата. Од УЈП го потврдија инцидентот, додека во МВР молчат.

До нашата редакција попладнево пристигна информација за насилство од страна на првиот човек на СДС во Општина Илинден, Милош Марковски кој вчера претепал 15-годишно момче.

Момчето со сериозни повреди е префрлено во болница.

Инцидентот според очевидците кои се јавија во редакцијата се случил на игралиште во Белимбегово. Марковски со клоци и тупаници го нападнал момчето кое паднало на земја и загубило свест. Мишо Марковски е поранешен член на обезбедувањето на Љубомир Фчковски, а сега според информациите на терен е еден од најсериозните кандидати за градоначалник на СДС во општина Илинден.

Жители на општината велат дека физичките напади, заканите и насилството од страна на членови и функционери на СДС, се секојдневние откако Заев ја формираше владата. Најчеста закана е дека никој нема да може да им помогне бидејќи и полицијата и алфите сега биле СДС.

Како и за претходните настани, така и за овој инцидент, нема белешка во дневниот билтен на МВР, а оттаму за Инфомакс не го потврдија инцидентот. Сепак, по доаѓањето на Спасовски на чело на МВР ваквата пракса на прикривање на сериозни инциденти на насилство стана секојдневие.

Ваков сличен настан МВР и Спасовски прикриваа и кога обезбедувањето на Заев нападна момчиња во дискотека во Струмица.

 

 

Претходно «
Следно »