ЗА ШТО НАВИСТИНА „ПАДНА“ СОВЕТНИКОТ НА СПАСОВСКИ: Причината која Спасовски ја соопшти, не кореспондира со вистината

  • March 10, 2018

Оливер Спасовски дури и на денешната прес конференција безочно ја излажа македонската јавност околу вистинската причина за апсењето на советникот на неговиот кабинет Драган Симоновски.

 

Вистинската причина е барањето на поткуп на кандидат за полицаец од Ѓорче Петров на последниот конкурс за прием на полицајци кој неодамна се спроведе во МВР.

На Драган Симоновски му е сменет членот по кој се гони се со цел да не се дознае вистината и да не се доведе во прашање регуларноста на целокупниот конкурс кој се спровел со досега невидени малверзации и ургенции за прием на лица по партиска линија како и оние кои дале пари токму на полициски функционери како Симоновски за да бидат примени на огласот.

Претходно, Симоновски во предизборието беше јавно забележан во присуство на партиското обезбедување на СДСМ од Ѓорче Петров, инаку познати сторители на неколкукратни кривични дела за насилство и обид за убиство.

Очигледно е дека Симоновски оддавал службени тајни секаде каде можел од тоа да профитира Оливер Спасовски мора да и одговори на македонската јавност зошто толерирал лице во својот кабинет кое искористувајќи го познавањето на полициското работење свесно го злоупотребил системот на прибирање на податоци по таен пат и овозможил класична злоупотреба заради сопствени цели.

За ова лице да биде унапредено Оливер Спасовски и Зоран Заев политички преговараа уште во техничката влада која требаше да организира избори за денес Спасовски и Заев од истиот да се оградуваат.

Претходно «
Следно »