Интервју со Горан Ангелов, претседател на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“

  • November 2, 2017

Порталот Баркод.мк направи кратко интервју со претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов. Интервјуто ви го пренесуваме во целост

 

Barkod.mk: Како ја оценувате актуелната политичка состојба во Р.М ?

Моменталната политичка ситуација во Македонија ја оценувам како нестабилна,наметната,насилна со многу притисоци во сите пори на општеството.

Barkod.mk:Дали очекувавте ваков епилог на локалните избори 2017 ?

Секако дека не очекувавме ваков епилог, воопшто на овие избори, и пред се се надевавме на фер, коректни и регуларни избори, но за жал очекувањата и реалноста беа многу различни и разочарувачки.

Barkod.mk: Според Вас која е клучната работа што се случи ваков драматичен и неочекуван епилог ?

Па која би било клучна работа не можам да потврдам, но фактори кои влијаеа врз овој изборен епилог и тоа имаа големо влијание беа оргомните притисоци кон гласачите да излегуваат и да гласаат само за една политичка страна, или закани воопшто да не излегуваат бидејќи ако излезат би имале последици по работа и сл, притисокот од страна на полицијата и криминалните структури, поткупот на гласачи, бугарски возови, заплашување закани и сл.

Barkod.mk: Кои се моменталните активности на “Ќосето” и кои се идните планови ?

Ќосето како здружение ќе продолжи со активностите како и досега. Едуцирање на младите генерации, подигање на националното чувство кај Македонците, панихиди и чествување настани за паднати борци, заштита на јазикот и идентитетот на сите Македонци.

Barkod.mk: Според Вас согледувајќи ја моменталната ситуација, дали се можни предвремени парламентарни избори следната година ?

Како што нагласив и предходно, политичката состојба во Македонија е нестабилна, власта е тенко мнозинство, мислам дека нивните политички партнери не се задоволни од нив. Исто и опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори и не ги признава овие локални избори така да голема е веројатноста да дојде и до предвремени парламентарни избори.

Barkod.mk: Низ порталите периодов се проширија информации за наводните нерегуларности и т.н “бугарски воз”. Како би го прокоментирал ова ?

Бугарскиот воз беше очигледен за овие избори. За сето ова има документирано докази, пронајдени се гласачки ливчиња од други општини. Сето тоа е правено за да се земе празно ливче во општината за да може потоа со тоа ливче да се манипулира со гласачите.

Barkod.mk: Што би им препорачале на читателите на Barkod.mk ?

На читателите би им препорачал да се обединат сите Македонци без разлика на партија, да си ја зачуваме Македонија, оти за неа се бореле и ги положиле своите животи огромен број на патриоти, течеле реки крв за нашата државам да не бидеме генерацијата која при држава ќе остане без неа, должност на секој Македонец е да си ја брани државата, да ја зачува за наредните поколенија.

МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ, ДА ЖИВЕЕЕ МАКЕДОНИЈА.
СЛОБОДААА ИЛИ СМРТ!

Претходно «
Следно »

loading…