ИСКРШЕНО СКАПОТО „АУДИ А5“ НА ШИЛЕГОВ: Демолиран возниот парк на Шилегови

  • April 19, 2018

Непознат сторител ги оштетил автомобилите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улица „Хелсинки“.

МВР информира дека синоќа во 23.10 часот, Ш.Ј. (49) пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот во средата, на улица „Хелсинки“, поточно на паркингот пред зграда од страна на непознат сторител биле оштетени нејзиниот автомобил „ауди К-5“ и автомобилот на нејзиниот сопруг „ауди А5“.

На возилото на сопругата на Шилегов биле искршени предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај возилото на градоначалникот оштетени биле предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Сторителот, според МВР, ги искршил автомобилите со физичка сила и остар предмет и незабележан од никого го напуштил местото.

Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Полицијата трага по сторителот.

Претходно «
Следно »