И ДПА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА: Тачи добил директорско место во ЈП Водовод и Канализација во Скопје

  • April 15, 2018

И додека ДПА сé уште чека да влезе во владата на премиерот Зоран Заев, оваа партија веќе стана дел од „владата“ на ниво на град Скопје, пишува весникот Лајм.

Извори за Лајм велат дека кандидатот на оваа партија за градоначалник во општина Чаир, Идриз Орана, е избран за член на одборот на директори на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, станувајќи првиот официјален претставник на ДПА во извршната власт на главниот град.

Орана беше и советник во два претходни мандати во градот Скопје.

Претходно «
Следно »

loading…